Апликација на денот: YouTube, Instagram и Facebook во една апликација

Борис Кузманов

во Мобилни, Совети

Ако сакате да бидеме во тек со сите настани и вести, тогаш ви ја препорачуваме Pulse, апликација наменета за читање на вашите омилени области во една одлично средена визуелна околина. Pulse News може да се користи преку компјутер, Android и iOS и можете бесплатно да ја преземете од соодветните маркети на апликации. Апликацијата нуди и зачувување на вестите за подоцнежно читање и синхронизација со Instapaper, Read It Later и Evernote.

Pulse нуди и можност за префрлување на новости од YouTube, Facebook, Tumblr, Flickr и Instagram, така што од едно место ќе можете да имате увид на сите случување низ сите овие мрежи. Сите текстови кои ги презема Pulse ги прилагодува според својот прегледувач на текстови, па така сите новости можете да ги читате на ист чист и прегледен екран.

Апликацијата за iOS можете да ја преземете од iTunes, а Android апликацијата е достапна во Google Play.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии