Апликација на денот: VLC за iOS има нов дизајн и интеграција со Google Drive

VLC, една од ретките добри и бесплатни апликации преку кои можат да се пуштаат сите формати кои iOS не ги поддржува, сега има нов дизајн и неколку нови интересни новини кои ќе го олеснат користењето и префрлувањето на големите фајлови од едно на друго место. Покрај редизајнот на интерфејсот да биде според iOS 7 стандардите, VLC за iOS во новата верзија има додадено и интеграција со Google Drive и стримање преку Dropbox. Ова значи дека наместо да префрлувате филмови од едно веб складиште на телефонот преку iTunes, ќе може да ги стримате веднаш преку Wi-Fi.

Други нови промени се додадена поддршка за уште различни формати, подобра приватност кога се користи Passcode Lock и подобрено пренесување на филмови преку Wi-Fi што до сега не функционираше воопшто. Сега, ова префрлување на фајлови преку локална безжична мрежа функционира како што треба.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии