Апликација на денот: Креирајте апстрактни фотографии со GeometriCam

GeometriCam е нова iOS апликација, која преку повеќе интересни филтри овозможува обработка на слика и создавање на апстрактни дела. Со оваа апликација вашиот Instagram ќе добие цела нова димензија, иако првин ќе треба да ги научите контролите. Лошиот интерфејс е и најголемиот недостаток на GeometriCam, но одличните креирани фотографии го балансираат тоа.

Но, доколку не се снајдете, на AppStore има куп вакви апликации што овозможуваат истa манипулација, иако GeometriCam има уникатни филтри. Геометриските филтри овозможуваат дел од промените, пример промена на форма, но како и останатите слични апликации, останатите промени доаѓаат со промени на боите. Апликацијата овозможува и промени и додавање на филтри и во видео.

geometricam

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии