Aпликација на денот: Умко.мк e eдукативна игра која вашите деца ќе ја обожаваат

Можат ли видеоигрите да ги едуцираат децата? Ова е прашање на секој родител чие дете е во постојан контакт со новите технологии, вклучувајќи го и дизајнерот Небојша Гелевски – Кома.

„Таблетите и мобилните телефони длабоко навлегоа во нашите животи. Оттаму, размислувајќи за новите технологии како нова алатка во осознавањето на светот и недостатокот од едукативни игри на македонски јазик, тимот на Кома дизајн студио и Bitsia системи ја создадоа Умко.мк“, вели тој, преставувајќи ја новата едукативна апликација наменета за корисниците од 4 до 7 години. Умко.мк постои уште од 2011-та година кога беше наградена за најдобра апликација на конкурсот за мобилни апликации на Агенцијата за електронски комуникации. Но, сега е целосно завршена и достапна за симнување на Google Play.

3-screens umko

Умко.мк е убаво дизајнирана и забавна апликација. IT.mk ја тестираше и иако сме повозрасни за такви игри, ја игравме малку повеќе одошто ни личи на годините. Умко.мк содржи куп едноставни игри преку кои децата учат да препознаваат објекти, бои, букви и други логички проблеми соодветни на нивната возраст. Тоа што најмногу ни се допадна е што игрите се придружени со аудио водич, односно пријатен женски глас кој им помага на децата при решавање на игрите.

Апликацијата е бесплатна за симнувањe, но се чини дека креаторите размислуваат еден чекор во иднина – Умко.мк да биде платформа за вакви едукативни игри. Ова го претпоставуваме поради тоа што Умко.мк користи freemium бизнис модел, односно има куп бесплатни игри за играње, но за поголем избор се доплаќа. Како што родителите ќе ги купуваат игрите за нивните деца, така креаторите ќе мора да додаваат нови и нови за да функционира моделот. Во моментов Умко.мк има 36 игри од кои некои имаат различни варијации и опции што ги прави забавни и после неколку играња.

1 коментар на “Aпликација на денот: Умко.мк e eдукативна игра која вашите деца ќе ја обожаваат

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии