Апликација на денот: Springs Football е бавна, но добро направена македонска игра

Springs Football е нова игра за iOS и Android направана од македонското студио Pass Time Coders, што е хоби на тројца инженери од Netcetera. Здравко Николовски, Александар Ристов и Александар Гижаровски имаат направено интересна мобилна игра на која може да се натпреваруваат фудбалските ентузијасти. Но, иако е добро изработена, гејмплејот е спор и не успева да ви го задржи вниманието.

Играта е симулација на, ако се сеќавате, она детско фудбалче на федери што се игра со прсти. И направена е одлично што се однесува до физиката и контролата на фудбалерите и топката. Ако сте доволно вешт и ја наместите топката правилно, може да изведете добар удар. Со повеќе вежбање, може да изведете и тимска игра. Springs Football може да се игра на поделен екран, кој функционира добро дури и на 4 инчен iPhone на кој ја тестиравме. Сигурно на таблет или поголем телефон ќе изгледа уште подобро. Има и мултиплеер мод иако за тоа е малку рано. Треба да се привлечат првин играчи кои ќе сакаат да се натпреваруваат меѓусебе.

Но, иако е одлично изработена, со добро осмислен freemium модел каде може да се отклучите нови топки и стадиони, сепак играта делува бавно. Можеби проблемот е во тајмерот за удари кој треба да биде пократок за играчот да биде приморан да реагира побрзо, иако во такој случај контролата врз топката би била потешка. Кога играв против компјутерот на различни нивоа, беше навистина напорно да гледаш како тој додава од играч до играч и не можев ништо да направам сѐ додека не шутне на гол. Ако топката не е кај тебе, тогаш можеш да чекаш долго време додека го мрдаш голманот лево и десно. Но, тоа засега е предизвик на Pass Time Coders. Имаат интересно изработена игра но треба да најдат баланс помеѓу реализмот и гејмплејот.

springfootball

1 коментар на “Апликација на денот: Springs Football е бавна, но добро направена македонска игра

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии