Апликација на денот: Споделувајте документи на повеќе уреди со Twindocs

Денес, скоро сите располагаме со повеќе уреди, а нашите документи и слични податоци сакаме да ни бидат каде и да сме. За тоа веќе ги имаме Dropbox, Google Drive, SkyDrive и многу други, а денес ви го претставуваме Twindocs со чија помош ќе можете да ги испраќате вашите документи и до истите да пристапувате преку веб.

За разлика од првите сервиси кои ги набројавме, Twindocs ви овозможува да чувате и офлајн копии од документите за кои вие ќе посакате, што претставува огромен плус за тие што имаат малку меморија.

Twindocs е поддржана на повеќе оперативни системи и тоа: Windows, Mac OS X, Android и iOS, за жал GNU/Linux не е меѓу тие на кои може да работи Twindocs.

Апликацијата на Windows е многу едноставна и лесно ви овозможува да ги прикачувате вашите документи без да го отварате веб порталот. Можете да создавате директориуми и да избирате во кој директриум на примачот да бидат испратени истите.

Сепак, за да почнете да го користите овој сервис, ќе биде потребно да се регистрирате и да се најавите во апликацијата преку Preferences.

Апликацијата Twindocs за Android можете да ја преземете од Google Play или пак да го посетите официјалниот сајт преку кој можете да ја преземете за сите ОС што ги поддржува.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии