Апликација на денот: Со PushBullet веќе не мора да си праќате мејлови на самите себе

PushBullet е Android апликација која овозможува споделување на фајлови и линкови од Google Chrome на телефонот. Апликацијата се инсталира во два дела, како веб апликација на Chrome и Android апликација на телефонот. Најголема предност на апликацијата е едноставноста со која си ги препраќате фајловите или линковите.

Вообичаено доколку саката нешто што го гледате во прелистувачот да префрлите на телефон треба да си го препратите на имејл или на некое од складиштата како Dropbox или Google Drive. Со Push секој линк или фајл кој го испраќате веднаш доаѓа до телефонот и корисникот го добива како нотификација. Со одбирање на нотификациите корисникот одбира и апликација со која ќе го отвори фајлот, па така на пример за текст може да одбере Google Docs или сличен текст едитор. Па ако често си испраќате линкови или фајлови од десктоп на телефонот, испробајте го Pushbullet, за апликацијата е потребна Android 4.1 Jellybean верзија на оперативниот систем.

[youtube]jFLEM46Vltk[/youtube]

1 коментар на “Апликација на денот: Со PushBullet веќе не мора да си праќате мејлови на самите себе

  1. Интересна алтернатива на Chrome to Phone додатокот кој иако беше послаб со опции, добрата страна е што работи и на Firefox со Fox to Phone додатокот

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии