Апликација на денот: Слушајте македонско радио на Android

Радио – Macedonia radio е македонска апликација изработена од Бране Петкоски, девелопер и долгогодишен член на форумот на IT.mk. Но, ова не е промоција на член на форумот, туку промоција на македонска апликација која е целосно бесплатна, без реклами, со минимален дизајн и корисна за слушање на македонско радио. Според Бране, мотивацијата му било да креира апликација за стрим на македонските радија, која освен што е корисна ќе изгледа добро.

Апликацијата го прави токму она што го ветува, овозможува стрим со речиси незабележително баферирање. Потполно бесплатна, без реклами, и според Бране, работи подеднакво добро и на најевтините и на најскапите телефони. Во моментов може да слушате 28 радио станици, а секоја се разликува со сопствена илустрација и кус опис.

Единствената забелешка која ја имаме е можеби додавање на малку подолг опис на радијата, нивните содржини и програма. Илустрацијата на радио-станиците кога стримате музика може да биде и поголема, но надвор од овие коментари за изгледот, Радио е навистина одлична апликација.

macedonianradio

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии