Aпликација на денот: Следете ги Зимските олимписки игри со Sochi 2014 WOW на Samsung

Од утре, 7-ми до 21 февруари, започнуват Зимските oлимписки игри во Сочи. За да може да го следите целиот настан, Samsung ја претстави Sochi 2014 WOW апликацијата која ги сите информации од олимписките игри, и која им овозможува на публиката да го персонализира своето искуство, велат од Samsung Electronics.

Sochi 2014 WOW известува за распоредот на натпреварите, резултатите и победниците во спортовите. Апликацијата им помога на корисниците со објаснување на правилата и целта во поедини спортови со помош на интерактивен визуелен водич за секој спорт, објаснуваќи ги не само правилата и туку и опермата која ја користат натпреварувачите. Корисниците можат да си одберат спортови, репрезентации и спортисти чии настапи ги следат, а можат да ги бодрат и своите репрезентативци.

Samsung е спонзор на Олимписките игри во Сеул 1988, а редовен спонзор е од 1998 на Зимските олимписки игри во Нагано. Сервисот WOW (Wireless Olympic Works) за првпат е достапен од 2004 година во Атина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии