Апликација на денот: Следете го месечниот сообраќај со Mobile Network Diary

Три мобилни оператори, секој со различни постпејд пакети и тарифи за своите корисници во кои нудат и бесплатни повици со одреден број на минути. Доколку сакате да имате преглед на тоа колку минути имате зборувано, Mobile Network Diary е вистинската aпликација за тоа.

Апликацијата го мери излезниот сообраќај кон секој од операторите и резултатите ги групира по нив. Ова е одлично доколку сте постпејд корисник и сакате да имате преглед колку сте зборувале, без притоа да отварате дополнителни сервиси на интернет. Мobile Network Diary нуди и поставување на лимит кон секој оператор, а по негово надминување ќе бидете известени со нотификација.

Mobile Network Diary го користи веб сервисот на Агенцијата за електронска комуникација (АЕК_ и именикот на корисникот се синхронизира при првото стартување на апликацијата и еднаш месечно. За подобро следење на месечниот сообраќај, може да си изберете сопствен датум кога ви почнува месецот.

*Благодарност до Столе Анастасов што ја сподели оваа апликација со нас, кој воедно е и автор на истата.

18 коментари на “Апликација на денот: Следете го месечниот сообраќај со Mobile Network Diary

  1. „Mobile Network Diary го користи веб сервисот на Агенцијата за електронска комуникација (АЕК_ и именикот на корисникот се синхронизира при првото стартување на апликацијата и еднаш месечно.“

    На овој начин ли знае кај кој оператор е регистриран бројот на претплатникот?

    1. Да. По првото вклучување, броевите од именикот се синхронизираат со базата на АЕК (Ако работи веб сервисот на АЕК во тој момент).

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии