Апликација на денот: Repix е уникатна и забавна алатка за едитирање на фотографии

Сигурно постои голем број на апликации за уредување на фотографии на Google Play, но Repix, од претходно достапна за iOS, а сега и за Android, се издвојува од толпата бидејќи нуди уникатни и кул алатки за уредува на фотографиите. Поради ова може да очекуваме Repix да стане еден од водечките едиторит во таа област на Google Play, иако конкуренцијата е сериозна.

Repix сè уште има работи за развивање, но сепак, исто како и кај iOS верзијата, нуди одличен простор за работа и начини за подобрување на вашите фотографии. Во моментот апликацијата брои 30 четки, 16 филтри и 17 различни рамки, како и опции за менување на светлината на фотографијата, контрастот и слично. Откако ќе ја стартувате апликацијата ќе бидете запознаени со опциите на Repix, а од менито кое се лизга од левата страна ќе можете да вчитате фотографија од вашата галерија или да сликате во моментот. Откако ќе биде вчитана вашата фотографија, вие ќе можете да започнете со уредување на истата. Repix нуди поставување на филтри на само одредени делови од фотографијата.

Repix е бесплатна и можете да ја преземете од Google Play. Дополнително, некои четки се плаќаат, па така за цена од 0,99 до 1,99 долари можете да купете некои од нив, или пак за 5,99 долари да го имате целиот пакет. iOS апликацијата можете да ја преземете од овде.

[youtube]lU1cwUnMSpM[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии