Апликација на денот: Reddzine ќе ви овозможи да го читате Reddit како магазин

Доколку сте фан на Reddit сигурно дневно сте затрупани со куп разни вести меѓу кои едвај го наоѓате тоа што вас ве интересира. За да се реши проблемот со огромниот број на информации, постојат различни Reddit клиенти за десктоп и мобилните платформи, но не е сè само во функционалноста, потребно е да е добро и за око.

Reddzine е Reddit клиент за iPad кој информациите од овој сервис ги организира како магазин. Сите најдобри и најскоро објавени постови ќе бидат организирани во стилот на Pinterest, а само со еден „клик“ ќе можете да погледнете некое видео, фотографија или дел од некоја информација. За таа цел, апликацијата има вградено сопствен видео плеер, па така не е потребно дополнително отварање на прозорци и фокусот ќе биде задржан на самата апликација.

Со цел да се минимизира изгледот на самата апликација, Reddzine има само една страница, односно почетната. Стандардно, прво се објавува страницата за фотографии, но тоа лесно можете да го промените од полето на врвот на апликацијата. За менување на приказот и филтрирање на содржината, потребно е само да притиснете на иконката за поставувања која се наоѓа на десниот горен агол и со уште неколку тапкања да го промените изгледот на страницата.

Негативната страна на апликацијата е што не поддржува landscape мод на прикажување, но доколку го игнорирате тој факт, Reddzine е навистина прекрасна апликација за корисниците на Reddit.

Апликацијата Reddzine можете бесплатно да ја преземете од iTunes App Store.

1 коментар на “Апликација на денот: Reddzine ќе ви овозможи да го читате Reddit како магазин

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии