Апликација на денот: Raining blobs е најновата македонска игра за Windows Phone

Уште една македонска игра за Windows Phone 8. Се работи за играта Raining Blobs изработена од Енди Милојкоски, а целта на играта е да споите две ѕвездички од иста боја, а фигурита можете да ги групирате според бојата. Брзината на спуштање на фигурита исто така игра улога, бидејќи доколку играте побавно, делови од фигурите што се веќе на „земјата“ може да бидат блокирани од црни полиња.

Постојат два модови на играње, нормален, тежок и BLITZ во кој се натпреварувате 2 минути. Доколку стигнете до 100-то ниво, имате најголем резултат и најголемо комбо на споени ѕвездички, вие успешно ќе ја спасите Меги. Исто така, црните полиња може да се отстранат доколку споите две ѕвезди од иста боја веднаш до нив.

Raining blobs чини 46 денари, а можете да ја купите од овде. Доколку сакате да ја тестирате, достапна е и демо верзија.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=Z3v99inR0Vk[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии