Апликација на денот: Зачувајте ги сите текстови со Pocket

Благодарение на Интернет денес имаме пристап до се повеќе вести, и се помалку време да ги прочитаме. Но, тоа не значи дека треба да ги изоставиме вестите и текстовите кои не може да ги прочитаме бидејќи сме зафатени. Нив едноставно може да ги зачувате во Pocket и да ги прочитате од било каде, во било кое време.

Оваа апликација за Android, iOS и Kindle Fire ќе ви овозможи да зачувувате линкови кои сакате да ги прочитате подоцна. Pocket може да се пристапи и преку веб, а постои и Chrome екстензија со која брзо можете да додадете некој линк во вашата листа. Апликацијата има едноставен дизајн и е лесна за користење, а одлична работа е и тоа што ја синхронизира вашата листа низ сите уреди кои ги имате поврзано со Pocket. Така, додека сте на работа линковите можете да ги зачувувате преку вашиот прелистувач, а да ги читате на вашиот компјутерски таблет кога се враќате од работа. Најважно е што со синхронизацијата, Pocket ги симнува сите текстови за да може да ги читате офлајн.

Pocket е бесплатна апликација која можете да ја преземете од getpocket.com, а за да ја користите ќе биде потребно да се регистрирате.

[youtube]205gjDFTC9w[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии