Апликација на денот: Peek Calendar е иновативен и минималистички календар за iOS

Има бројни и одлични календари за iPhone, како Any.do Cal или Sunrise, но Peek Calendar е една од поинтересните не затоа што нуди изобилство на опции за менаџирање на времето, туку бидејќи е едноставна. Минималистичкиот дизајн на Peek Calendar е постигнат поради забавнот начин на додавање на обврските кои се скриени зад деновите.

Апликацијата е направена од Амид Мораџенја, со претходно искуство како интерактивен дизајнер во Microsoft и IDEO, кој вели дека пред да ја направил Peek барал фидбек од корисниците за што би сакале да видат во мобилен календар. Од фидбекот, тимот на г. Мораџенја дозна дека на луѓето им треба само краток поглед (peek) кон обврските за да се потсетат што точно треба да се направи. Треба само едно потсетување за да знаат кои документи да се отворат или кои мејлови да се одговорат. Ова значи дека повеќето корисници не сакаат да ги имаат сите можни опции во апликацијата, туку се доволни само неколку за да се менаџира времето. Затоа Peek е минималистичка и секако забавна, бидејќи ако не им е забавна на корисниците, тие нема да ја користат.

Мора да ја пробате Peek за да се уверите дека навистина е добра апликација. Но, тоа што може да ве одврати од неа е што за разлика од другите одлични календари за iOS кои се бесплатни, Peek Calendar чини 2 долари повеќе.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии