Апликација на денот: Откријте нова музика со Music Monster за Android и iOS

Како што може да се прочита и во самиот опис на апликацијата, Music Monster се стреми да создаде нов начин да уживате во музиката. Го комбинира бесплатното стримање на музика (преку YouTube) заедно со друштвените активности, се со цел претстави еден иновативен сервис за „друштвена музика“.

Music Monster го собира најдобрите и најпопуларните видеа и видео плејлисти од YouTube и ви овозможува да создавате сопствени музички плејлисти од нив, како и од музиката што ја имате на вашиот телефон. Исто така, Music Monster овозможува и пребарување според жанр, националност, артист, најмногу слушани, рејтинг и слично. Покрај пребарувањето на музиката, апликацијата нуди и коментирање и добро познатите лајкови со други корисници.

За да уживате во друштвениот аспект од апликацијата и да имате можност за персонализација, потребно е да се регистрирате. Регистрацијата е бесплатна и тоа можете да го сторите откако ќе ја стартувате апликацијата. Се со цел да добивате поточно и поблиски резултати од вашиот вкус на музика, само со неколку чекори ќе можете да прочитате нешто повеќе за артистот, негови најнови песни и албуми, како и да добиете препорака за слични артисти кои можеби ќе ви се допаднат.

Доколку непрестано слушате музика и сакате да истражувате, Music Monster е апликација која мора да ја имате. Можете да ја преземете од Google Play или од iTunes.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии