Апликација на денот: Организирајте ги вашите студентски обврски со Timetable

Доколку сте во потрага по брза и едноставна апликација со која ќе можете да ги организирате вашите студентски обврски, како на пример, распоред со предавања, до кога треба да завршете одредена задача, планови за учење и слично, Timetable е апликацијата која ви ја препорачуваме. Со помош на оваа убаво дизајнирана апликација ќе можете лесно да си ги организирате обврските, а нуди и паралелно прегледување на распоредот и настаните и слично.

Покрај организирањето на распоредот за предавања на вежби, Timetable во остатокот од слободното време ви нуди да се организирате што ќе учете или до кога треба да завршете некоја семинарска, домашна задача или нешто слично. Исто така, можете да поставувате временски настани како што се колоквиуми, тестови и слично.

Апликацијата поддржува виџети, па одредено делови можете да ги распоредете на вашиот екран. Оптимизирана е за телефон и таблети, а возможна е и синхронизација помеѓу повеќе уреди. Timetable е бесплатна апликација за Android 4.0+ и можете да ја преземете од Google Play.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии