Апликација на денот: Netsy е македонска апликација за пресметка на бруто и нето плата

Netsy е македонска Android апликација која служи како алатка за конверзија помеѓу бруто и нето плата. Освен ова апликацијата има подетален преглед кој овозможува да се запознаете колку од издвоените пари се за данок, колку одат во пензиски фонд и колку одат во здравствен фонд.

Графичкиот приказ и идејата на апликацијата се добри, иако реализацијата и целната група се помалку збунувачки. Иако има можност за промена на јазикот на македонски, апликацијата со исклучок на датата постојано останува на англиски јазик. Дополнителен недостаток е неточноста на податоците за плати над максималната основица за која се исплаќаат придонеси. Средствата над оваа сума се изземени од придонесите, но апликацијата не ги препознава платите над оваа сума.

Идејата и реализација на Netsy се навистина добри, и по поправањето на недостатоците ќе биде покорисна за корисниците за кои и е наменета. Засега апликацијата е покорисна за работодавачите кои доаѓаат од странство и се заинтресирани за придонесите.

Devsy

2 коментари на “Апликација на денот: Netsy е македонска апликација за пресметка на бруто и нето плата

  1. Здраво,

    Проблемот околу промената на јазиците е изолиран случај на само некои телефони. Работиме на исправка на сите Ваши забелешки и наскоро ќе имаме надоградба на апликацијата.

    Благодарам за конструктивната критика,
    Илчо

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии