Апликација на денот: Научете да кодирате со Grasshopper

Grasshopper e релативно нова апликација од Google која ќе ви помогне да научите да програмирате. Програмскиот јазик кој ќе го научи корисникот со оваа апликација е JavaScript, а апликацијата е наменета за почетници и за луѓе со помалку искуство.

Апликацијата е креирана од Area 120, оддел на Google за експериментални продукти. Од овој оддел се излезени неколку производи, пример Project Block коцките налик на Lego за кодирање.

Grasshopper помалку наликува на Duolingo, со таа разлика што нема други јазици и учите код. Сепак една од клучните карактеристики е учењето преку секојдневни лекции и квизови кое е присутно во оваа апликација.

Апликацијата започнува со претпоставката дека немате никакво искуство со програмирање. Така првите лекции се основи. Започнува со прашања „што е кодирање“ или што може да се направи со JavaScript, а продолжува со првите вежби.

Сигурно за посериозно учење кодирање е потребнa посериозна платформа. Сепак за почетници и деца кои само што почнуваат Grasshopper e одлична платформа за почнување.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии