Little Jimmy Animal World е нова детска игра од македонските креативни агенции Futura и Synapse. Апликацијата е наменета за најмладите корисници под 5 години и има едноставна цел – да ги едуцира децата за животинскиот свет. Animal World користи интересни илустрации, звуци и зборови да ги запознае децата со животните, и да ги научи да ги изговараат нивните имиња. Со оглед на тоа дека апликацијата е на англиски, бидејќи таргетира поголем пазар, децата ќе можат да научат и малку странски јазик.
Апликацијата поради едноставноста е една од подобрите македонски апликации за деца. Бесплатна е со опција за in-app купување на повеќе животни, всушност само три животни се бесплатни и доколку му се допадне апликацијата на вашето дете ќе мора да ги купите и останатите. Во моментов е достапна единствено за iOS.