Апликација на денот: InFocus Pro е апликација за менаџирање со проекти за iOS

InFocus Pro е бесплатна апликација (беше 8 долари) за менаџирање со проекти која вклучува листа со задачи, белешки, скици и калeденар за сите активности во еден проект. Секако дека постои голем број на слични апликации, но предноста на InFocus е таа што нуди пишување со рака, па така брзо можете да го пополните тоа што ви треба, наместо да тапкате по тастатурата. Исто така, нуди и читање од листата.

Настаните во календар може да се создаваат со пишување со рака или преку тастатура. Можете да додадете локација за настанот или задачата, но не нуди лоцирање на мапата или преку GPS. Исто така, поддржува повторување на настаните, што значи дека можете да направите одредена задача да се појавува секоја недела, месец или година. Постои и можност за додавање повеќекратни известувања за настаните со цел да ве предупреди дека е време да се припремите, доколку тоа е потребно.

Пишувањето со рака може да биде се користи скоро секаде во апликацијата. За жал, апликацијата не го препознава како текст, па не може да пребарувате според зборови кои ги имате рачно напишано. Проектите во InFocus Pro може да бидат распоредени и во директориуми, а за подобра организација пожелно е и да си создадете под-директориуми за секој проект. Сите листи и податоци во календарот може да бидат споделени преку мејл или да бидат зачувани како слики. Апликацијата можете да ја преземете од iTunes.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии