Апликација на денот: Играјте Pac-man турнири на вашиот Android телефон

Долго време не сме пишувале за некоја игра за мобилен телефон, па еве нешто за сите позната игра, Pac-man. Сите ја знаеме стандардната Pac-man, но оваа апликација или игра, ни нуди дури 256 нивоа, различни стази и сѐ потешки нивоа. Играта е стара 33 години, а во оваа Android апликација ништо не е сменето. Сѐ уште е познатата музика во позадина и жолтата пита и слатките. Контролите на играта се едноставни, па со прстот лесно можете да го контролирате пекменот.

Новото во оваа игра се турнирите во кои се натпреваруваат сите играчи на играта. За да имате пристап до тоа, потребно е да се регистрирате и ќе добиете одреден број на играња за секој ден. Сепак, доколку сакате да играте повеќе, ќе имате можност да си купите. Со оглед на тоа дека апликацијата е бесплатна, истата содржи и реклами, но ниту една нема да ви попречи во играњето. Доколку сакате да ги отстраните, тоа ќе ве чини 4,99 долари или 0,99 долари/месечно.

Pac-man + Tournaments можете да ја преземете бесплатно од Google Play.

[youtube]b3FnsDHAJww[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии