Апликација на денот: Hipstamatic Oggl за WP8 нуди голем број на филтри и прикачување на Instagram

После галамата што ја кренаа Windows Phone корисниците дека Instagram ги брише фотографиите прикачени од некој од клиентите за WP8, кои после неколку денови беа вратени, добро е да ви претставиме уште една апликација за Windows Phone платформата која нуди прикачување на фотографии на Instagram.

Hipstamatic Oggl е апликација која нуди одлични филтри и можност за корисниците своите фотографии да ги прикажуваат на својата Instagram профил. Стандардно во апликацијата се достапни ограничен број на филтри, но истите може да се отклучат со купување. Како промоција, корисниците на Nokia Lumia имаат бесплатен пристап до сите филтри во времетраење од 60 денови.

Апликацијата, сосема очекувано, откако ќе ја направите фотографијата нуди можност да изберете еден од филтрите и истата да ја објавите на Facebook, Twitter или Instagram. Покрај тоа, можете да отворите и веќе постоечки фотографии и да им додадете филтер. Hipstamatic Oggl е достапна за сите Windows Phone 8 уреди кои може да ја користат бесплатната верзија или платената со која се достапни дополнителен број на филтри.

Hipstamatic Oggl можете да ја преземете од Windows Phone Store.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии