Апликација на денот: Фаќајте белешки со Google Keep за Android

Google Keep апликацијата за фаќање белешки е со чист дизајн, типично за Google, и нема ништо во околината што би можело да ви го одвлекува вниманието. Нормално, на почетокот на стартувањето на апликацијата ќе треба да внесете корисничко име од Google, па така сите белешки ќе ви бидат синхронизирани на сите уреди.

Апликацијата нуди и гласовно запишување, односно можете да правите белешки со зборување, сепак, тоа баш и нема да ни е некоја од голема помош на нас. А доколку сте корисник на Galaxy Note 2, ќе можете да го користите и S пенкалото.

Покрај ова, возможно е и прикачување на фотографии директно преку вашата камера. Исто така, лесно можете да пребарувате низ вашите белешки и е одличен начин да пронајдете нешто, доколку имате огромен број на белешки.

Google Keep апликацијата за Android е достапна на Google Play, а до веб верзијата можете да пристапите преку http://drive.google.com/keep.

[youtube]UbvkHEDvw-o[/youtube]

1 коментар на “Апликација на денот: Фаќајте белешки со Google Keep за Android

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии