Апликација на денот: Flappy Bird е инди игра која го освои App Store и Google Play

Flappy Bird е игра која неочекувано се најде на првото место во App Store, а одлично котира и на Google Play. Играта е дело на компанијата .GEARS зад која се наоѓа самостоен инди-развивач од Виетнам, Нгуен Ха Донг, кој има 3 речиси идентични апликации во Top 10 во AppStore. Игрите на г. Донг се навистина заразни, иако се чини дека нивниот успех лежи во тоа што Flappy Bird e неверојатно тешка игра, па играчите поминуваат многу време со неа обидувајќи се да ја пренесат птицата што е можно подалеку без да удрат во нешто.

„Нашата работа е под огромно влијание на ретро, пикселизираните игри во нивното златно време. Се едноставно, екстремно тешко и неверојатно забавно за играње“, вели г.Донг.

Иако голем дел од аналитичарите се сомневаат во легитимноста на бројките зад овие три игри, г. Донг вели дека нема ресурси за ништо освен аплоад на игрите. Сепак можно е заразеноста со играта да е последица на Twitter, хаштаговите #flappybird и #flappybirdhighscore се неверојатно активни, а се чини дека има вистинска борба за кој ќе напише подобар преглед за играта, пишува Chocolate Lab Apps.

5 коментари на “Апликација на денот: Flappy Bird е инди игра која го освои App Store и Google Play

    1. На играта и помогна што беше тешка. Хардкор гејмерите се сериозни кога станува збор за натпреварување во кој може да лета повеќе. :)

      1. Виктор, постои можност ова да го измените додатокот кој го користите. Во делот каде што се подесува "ц" во "ts", само треба да се стави "c".

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии