Апликација на денот: FIFA e достапна за Android и iOS

Првенства, резултати, голови, видеа и последни новости за Светското првенство во Бразил… Сите овие информации се спакувани во официјалната, и прекрасна, апликација на FIFA за Android и iOS. Апликацијата не е само за еден аспект oд фудбалот, не е направена да ги следите само резултатите, ниту пак да читате само вести за националните репрезентации, туку ги има сите информации на куп.

Тоа што е ја прави одлична, и зашто ви ја препорачуваме, е што е дизајнирана со едноставен кориснички интерфејс со затемнети позадини кои ве вовлекуваат во светот на фудбалот. Колку повеќе ја користите апликацијата, толку повеќе сакате да знаете се за најпопуларниот спорт. Има опција за следење на омилените тимови, што го олеснува доаѓањето до најважните информации, и секако има опција за следење на македонското првенство. Не дека тоа вреди да се следи, но е интересно бидејќи FIFA преку апликацијата ви доловува чувство дека секоја лига е важна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии