Aпликација на денот: Добивајте подароци од Apple со 12 Days of Gifts

За да ги прослави божиќните и новогодишните празници, Аpple ќе поклонува подароци преку апликацијата 12 Days оf Gifts. Поклоните се мобилни апликации, игри, песни, книги и филмови за iPhone, iPod и iPad кои се надоградени на iOS 7. Идејата е да се понуди по еден поклон достапен само за 24 часа во периодот од 26-ти декември до 6-ти јануари. Не се знае која е листата на подароци, иако во минатото беа поклонувани апликации како игрите Broken Sword, Sonic Jump, телевизиски серии како Sherlock и How I Met Your mother, филмови на Чарли Чаплин и божиќни песни. За македонските корисници поклоните најверојатно ќе бидат само апликации и книги, бидејќи филмовите и музиката не може да се купат преку iTunes на овој пазар. Првите подароци ќе бидат објавени дури по католичкиот божиќ, односно на 26-ти декември, но може да наместите да добиете нотификација за секој поклон.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии