Апликација на денот: Discovr People за iOS ќе ви помогне да откриете нови корисници за следење на Twitter

Во просек секој Twitter корисник следи повеќе од 100 корисници и во зависност од тоа што го твитаат луѓето што ги следите, може да најдете други корисници кои можеби би ви биле интересни за следење. Twitter го има Discover, кој баш и не прави некоја којзнае каква анализа за да ви предложи нови корисници и интересна содржина.

Discovr People е одлична апликација за iOS за таа намена. Откако ќе ја стартувате апликацијата, сè што треба да направите е да го внесете некое корисничко име, и апликацијата ќе ви даде графичи приказ на кој се поврзани сите слични корисници и корисници што во скоро време дискутирале со личноста што ја пребарувате. Но, за да можете да ја користите Discovr, најпрво е потребно да се најавите со вашата Twitter сметка и да и дозволите на апликацијата пристап до вашиот профил. Откако ќе го сторите тоа, можете слободно да започнете со користење на апликацијата, за која сигурно не би ви требало дополнително упатство.

На средината на екранот е позиционирано поле за пребарување на корисници, додека во долниот дел можете да пристапувате до топ листите, вашите листи и листите во кои вие сте член. Сепак, главната функција на оваа апликација е полето за пребарување. Откако ќе започнете со пишување, апликацијата ќе ви помогне со автоматско комплетирање на корисничкото име. Мапата во Discovr People ќе ви ги прикаже врските на корисникот кои најчесто ги има споменувано, со тоа што тие корисници се најрелевантни. Исто така, информациите за секој следен корисник може да бидат проширени за да ги видите нивните најчесто споменувани корисници.

Апликацијата, исто така, нуди и можност за додавање на корисникот во некоја од вашите листи, како и да го заследните. Discovr People е бесплатна апликација и можете да ја преземете од iTunes App продавницата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии