Апликација на денот: Читајте е-книги на вашиот Windows Phone со Bookviser

Bookviser е апликација која ги поддржува едни од најкористените формати за е-книги – ePub, TXT и FB2. А покрај можноста за читање на е-книги, вклучува и опција за пребарување и преземање. Апликацијата можете да ја користите без регистрација, но доколку сакате да ја зачувате вашата колекција во облакот, сепак ќе морате да го сторите тоа. За да создадете нова корисничка сметка отидете во Settings, а потребно ви е само да внесете мејл адреса и лозинка.

До книги можете да дојдете на неколку начини, и тоа: со преземање на некоја е-книга од веб, директно преку апликацијата или синхронизирање со веб верзијата на Bookviser. Сите книги кои ќе ги зачувате на вашиот мобилен ќе можете да им пристапите преку Bookshelf. Читачoт нуди поставувања како што се големина на текстот, позадина на текстот и светлина. Сите овие измени можете да ги правите директно додека читате само со неколку едноставни чекори.

Bookviser е бесплатна апликација и можете да ја преземете од Windows Store.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии