Апликација на денот: Бесплатна верзија на Foxit PDF Reader

Foxit Reader е еден од подобрите PDF читачи за десктоп, а истиот постои и за Android (бесплатна + платена верзија) и iOS (бесплатна). Бесплатната верзија на Foxit е само за читање, а овозможува landscape и portrait мод на прегледување, вградена алатка за пребарување и импортирање на документи од РС преку WiFi или преку Dropbox и Box.

Исто така, Foxit нуди и едноставно организирање на документите низ директориуми, како и споделување на истите со компатабилните апликации кои ги имате инсталирано на телефонот. Покрај тоа, нуди и сортирање на документите на неколку начини, памтење на последниот отворен документ и на која страница сте застанале, зумирање.

Апликацијата има Hulu UI и нуди одлично читачко искуство на Android уредите. Додека имате отворено некој документ, Foxit нуди и брзо навигирање од еден во друг документ, означување (букмаркирање) и прилагодување на светлината.

Foxit PDF Lite за Android можете да го преземете од Google Play и за iOS од iTunes.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии