Апликација на денот: Backdoor e aпликација за анонимни пораки креирана од 14-годишен програмер

Да се биде млад генијалец денес не е доволно само да се знае како да се направи убаво-дизајнирана апликација, туку и да се има бизнис план доволно убедлив да собере 200.000 долари инвестиција. Критериумот е висок за повеќето од нас, но не и за 14-годишниот Даниел Сингер и неговата мобилна апликација за анонимни пораки. Backdoor за iOS е бесплатна апликација за испраќање на анонимни пораки до пријателите, со можност да се споделат мали наговестувања да погодат со кого разговараат. Апликацијата е секако забавна, но таа е и направена од тинејџер за тинејџери, па ваквите анонимни разговори може да им се допаднат најмногу на помладите корисници.

Што се однесува до младиот програмер и неговиот тим, тие ќе ги искористат парите на ArpexCapital за развој на апликацијата и за освојување на други пазари, вклучувајќи го и Android пазарот, пишува Fast Company. Даниел пред BackDoor има работено на друштвена мрежа за анонимен фидбек, YouTell, па најверојатно е дека неговиот фокус ќе се движи во насока на сервиси кои ја штитат приватноста, или пак во креирање на мрежа за анонимно флертување.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии