Апликација на денот: 6sec е Vine клиент за Windows Phone 8

Додека ја чекаме официјалната апликација за Vine за Windows Phone 8, дивелоперот што ја создаде 6tag (Instagram клиент за Windows Phone), го има и најдоброто Vine решение за корисниците на Windows Phone 8 оперативниот систем.

6Sec за WP8, како и Vine апликацијата за iOS и Android нуди можност за снимање и споделување на видеа во должина од 6 секунди. Преку апликацијата можете да се поврзете со други корисници, како и да ги следите и коментирате меѓу себе. Исто така, можете да ги прегледувате најпопуларните видеа и пребарувате според хаштаг.

Апликацијата е бесплатна и поддржува најавување со повеќе кориснички сметки. Инструкциите за користење на 6sec ќе ги добиете откако ќе ја стартувате апликацијата. 6Sec доаѓа во бесплатна (поддржува реклами) и платена верзија (1,29 US долари) во која се отстранети рекламите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии