Апликација која ќе ги релаксира најмалите преку креативни активности

Мартин Јованчевски

во Вести

Zen Studio е уникатна апликација која им овозможува на најмладите да најдат мир преку креативни активности.

Преку iOS, или Android направи, децата поголеми од 3 години можат да се впуштат во геометриско цртање со прсти кое е осмислено да им помогне на децата да се опуштат и фокусираат.

Zen Studio се темели на едноставната формула преку единечни допири. Еден допир за одбирање платно, уште еден за одбирање боја, а потоа цртање со прсти. Цртањето е проследено со смирувачки, музички алгоритми кои се активираат и менуваат во зависност од влечењето на прстите. Самата апликација пружа одлични можности за децата да размислуваат за простор, облик, боја и симетрија. Покрај тоа што е апликацијата бесплатна, авторите бесплатно нудат и прирачник за родители и наставници каде дополнително се наведуваат тактики за дополнително поттикнување на таквото размислување кај децата.

Со одредена финансиска посвета, апликацијата ќе ви ги отклучи сите 90 туторијали (наместо бесплатните 18), ќе ви дозволи да користите бела боја, или да сочувувате и бришете неограничен број од цртежи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии