Апликациите за чет во 2015 година ги надминаа социјалните мрежи. Збирот од корисници на четирите најпопуларни апликации е значително поголем од соодветниот збир на корисници на друштвените мрежи. Поради ова, апликациите стануваат се поинтересни за бизнисите и компаниите како можна платформа за презентирање на реклами, вели Business Insider.

mavssn

Како и друштвените мрежи и најголемите апликации за комуникација имаат стотици милиони корисници кои секојдневно ги користат, иако апликациите за чет имаат далеку поголем број на корисници кои им се враќаат. WhatsApp има над 400 милиони активни корисници секој месец; WeChat има над 350, азиската Line има над 440 милиони; и KakaoTalk има над 130 милиони корисници кои се активни секој месец. Во Македонија пак најпопуларна е Viber иако нема официјални информации за бројот на корисници.

Може и да се каже дека апликациите за чет полека стануваат свои друштвени мрежи, додавајќи најразлични додатоци, од гласовни и видео повици, па сѐ до емотикони, стикери или гифови кои може да се додадат во пораките. Најголем дел од овие сервиси имаат претплата или наплаќаат за дополнителни емотикони и стикерите кои можат да ги користат корисниците, но аналитичарите на Business Insider сметаат дека тоа нема да биде единствената монетизација. Во блиска иднина ќе може да видиме како ќе се заокружи целиот еко-систем.