Апликации со над 4,3 милиони преземања отстранети од Google Play

Десетици апликации со милиони преземања се отстранети од Google Play. Отстранетите апликации нарушувале повеќе од условите за користење на Google Play. Trend Micro пронајде 29 апликации кои ја нарушуваат безбедноста на корисниците.

Апликациите на корисниците им испраќале порнографски содржини, ги пренасочувале до фишинг веб страници и ги преземале фотографиите на корисниците.

По инсталирањето апликациите делуваат безопасно, но ако се обидете да ги избришете ќе забележите дека апликацијата нема икона во листата апликации. Стартувањето на апликацијата е преку „шорткат“. За поголем дел од корисниците ова значи проблем за отстранување на апликацијата. На отклучување на уредите апликацијата прикажува реклами. Дел од рекламите се за порнографија, дел водат до содржини кои се обидуваат да соберат податоци од корисникот, различни награди и игри на среќа. На пример, апликацијата го префрла корисникот на сајт со едноставни видеоигри. По три обиди корисникот добива „награда“ за која треба да ги остави податоците на фишинг страница.

Најголем дел од апликациите се замени за оригиналните Android камери. Најчеста жртва на овие малициозни апликации се од Индија, иако цел е целиот азиски регион.

  • Pro Camera Beauty 1,000,000+
  • Cartoon Art Photo 1,000,000+
  • Emoji Camera 1,000,000+
  • Artistic effect Filter 500,000+
  • Art Editor 100,000+
  • Beauty Camera 100,000+
  • Selfie Camera Pro 100,000+
  • Horizon Beauty Camera 100,000+
  • Super Camera 100,000+
  • Art Effects for Photo 100,000+
  • Awesome Cartoon Art 100,000+
  • Art Filter Photo 50,000+
  • Art Filter Photo Effcts 10,000+
  • Cartoon Effect 10,000+
  • Art Effect 10,000+
  • Photo Editor 5,000+
  • Wallpapers HD 5,000+
  • Magic Art Filter Photo Editor 5,000+
  • Fill Art Photo Editor 1,000+
  • ArtFlipPhotoEditing 1,000+
  • Art Filter 1,000+
  • Cartoon Art Photo 1,000+
  • Prizma Photo Effect 1,000+
  • Cartoon Art Photo Filter 100+
  • Art Filter Photo Editor 100+
  • Pixture 100+
  • Art Effect 50+
  • Photo Art Effect 10+
  • Cartoon Photo Filter 5+