Апликации кои ви се потребни во лето #1

Летото веќе пристигна и дел од вас сигурно се подготвуваат за летен одмор или барем за некои летни активности. Овие неколку апликации ќе ви помогнат подобро да си го испланирате времето, да пронајдете нова активност, нова локација или што и да е ви е потребно.

Accuweather

Оваа недела се потсетивме дека времето налето е непредвидливо и секогаш може да нѐ изненади. Веројатно има „тон“ апликации за временска прогноза и исто толку ако не и повеќе листи на апликации, но најчесто споменувана најдобра бесплатна апликација речиси без сомнеж е Accuweather. Достапна е за iOS и за Android и е и повеќе од доволна за сите активности.

Секако Accuweather можеби не ви е омилената апликација за прогноза на временските прилики, но секако оставете простор на вашиот телефон за која и да е вашата омилена апликација.

Скара и пијалаци

Секако летото не може да биде целосно без некоја скара и неколку пијалаци. Секако овие апликации не се единствените, а веројатно ако се помачите ќе пронајдете и многу подобри, но секако ќе ви завршат работа.

Drink Recipes

Да не ве лажеме, апликацијата може да биде и поубава, но има 8 500 пијалаци поделени во десетина категории со состојки и упатства за како да направите секој од нив. Доаѓа со можност за пребарување и категории од кафиња и чаеви, сѐ до пиво, коктели, па и поегзотични алкохолни пијалаци кои може да ги подготвите дома. Дополнително, ако немате идеја што сакате да се напиете може да изберете предлог по случаен избор или да одберете состојки кои ги имате и да пронајдете некој рецепт со нив. Конечно уште една добра вест, Drink Recipes е бесплатна, а апликацијата е достапна за Android и iOS.

Grill Guide и GrillTime

Двете апликации се супер едноставни и тешко дека ќе ви помогнат да ја направите најдобрата скара, ама ако немате идеја како некој зеленчук или месо се приготвуваат, колку долго и на која температура се печат, тогаш се супер корисни. Grill Guide е бесплатна апликација и е достапна на Android. Доаѓа како едноставна листа на различни работи кои може да ги приготвите на скара. Храната е поделена во неколку категории, а советите се куси и супер едноставни за разбирање. Нема премногу спектакуларни рецепти, но ако сте симнале апликација за готвење веројатно не ви се ниту потребни. Апликацијата е достапна и на iOS.

GrillTime е супер едноставна iOS апликација која има таман онолку податоци колку што ќе ви бидат потребни. Корисникот може да одбере тип на месо, дебелина и колку печено треба да биде и апликацијата ќе ви презентира колку време треба да печете. Дополнително, има кус водич со начинот на приготвување за дел од месото. Како и претходната апликација нема да станете супер готвач, ама и онака нема лоша скара.

Skype, Viber, WhatsApp и Messenger

Секако ова се апликациите кои ќе ви помогнат да останете во контакт со пријателите или најблиските додека сте на одмор и често на роаминг. Наместо поскап разговор може да пронајдете бесплатна Wi-FI мрежа и мирно да се слушнете со сите. Секако не ви се потребни сите апликации туку само онаа на која ви се најголем дел од контактите.

TextBlast (Бонус апликација)

Ова не е апликација за разговор која често ќе ја користите. Најверојатно во нормални услови и не е премногу корисна, иако не дека е сосем без примена. Апликацијата ви овозможува да праќате повеќе пораки на пријателите наеднаш. Поточно тоа е истата порака која апликацијата автоматски ја персонализира со додавање на името на контактот. Апликацијата е наменета за праќање на SMS пораки, веројатно во маркетинг цели, но може да ја користите и за комуникација кога тоа е посоодветно. Само едно предупредување, иако апликацијата ви овозможува да ја праќате истата порака на повеќе контакти наеднаш самото испраќање на пораката е корисник по корисник… TextBlast Bulk SMS е достапна за iOS и Android.

Kindle

Веројатно апликација или софтвер не се подобар избор од вистинска книга за одмор, но сепак Kindle како уред е незаменлив, а и ако ви недостасува таблетот за читање, апликациите за паметни телефони се одлична замена. Апликацијата е достапна за iOS и Android, а читањето е супер активност додека одморате.

Google Maps

Овој дел е малку поширок од само Google Maps и се однесува на повеќе апликации кои нудат слична услуга. Секако станува збор за мапи кои ќе ви помогнат како да се снајдете додека возите и додека се движите по градот. Ова секако не се однесува ако сте на одмор на некој локација што ви е многу позната, но ако сте некаде првпат секако е во покорисните. Дополнително, апликацијата ќе ви помогне и да пронајдете места на мапата кои ви се потребни баш кога ќе бидете во близина, на пример најблискиот ресторан или кафуле.

Секако ќе ви биде потребно да преземете и офлајн мапа за локацијата во која се наоѓате, или ќе мора да останете онлајн додека се движите што не е најевтино решение ако сте на роаминг. Google Maps се достапни на AppStore и Google Play.

Google Translate

Ако одморот го поминувате во некоја држава во која се говори на јазик кој можеби не го познавате доволно, Google Translate e една од најдобрите апликации кои ќе ви помогнат да се снајдете. Апликацијата овозможува да преведувате со сликање, преку микрофонот или пишување на текст. За 59 јазици има и офлајн превод, а за 93 и превод на ракопис. Листата на поддржани јазици расте и може да ја погледнете пред да ја преземете апликацијата. За жал сите преводи не се достапни за сите јазици, на пример преводот преку камера е достапен за 37 јазици.

Google Translate бесплатен и достапен и на iOS.

1 коментар на “Апликации кои ви се потребни во лето #1

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии