Апликации кои ќе ви помогнат да ги организирате вашите патувања

Навистина започнува да ми се допаѓа репликата „Постои апликација за тоа“ (“There’s an app for that“). Oвојпат ги издвојувам оние кои може да ви се најдат кога патувате и со кои полесно може да ги дознаете местата кои вредат да бидат посетени дур сте таму.

Tripit

Една од најупотребуваните апликации за организирање на патувања е Tripit која е достапна за Android, iPhone, BlackBerry, Symbian и Windows phone.

Апликацијата служи за организирање и креирање на итинерар од повеќе информации за летовите, резервираното сместување, изнајменото возило, кои може да бидат автоматски внесени со поврзување на апликацијата со вашата е-пошта. Освен ова, апликацијата прикажува временска прогноза, можност за зачувување на мапи, опција за споделување на одредена дестинација од вашето патување преку друштвените мрежи и синхронизирање со календар. Можете да ја користите бесплатната верзија со претходна регистрација.

[youtube]9S9PSyxzu9A[/youtube]

WorldMate
Ова е исто така бесплатна апликација која може да ја најдете за Android, iPhone, BlackBerry и Windows Phone. Навистина ги има сличните функции како и Tripit, но и малку почист и поубав дизајн. Дополнително содржи конвертор на валути како и нотификации за битните делови од патувањето.[youtube]RuWl1gQA3FI[/youtube]

Wikitude

Оваа апликација го претставува концептот за проширена реалност (augmented reality) и навистина е корисна кога сте на непознато место или место за кое сакате да научите повеќе. Wikitude е бесплатна апликација и достапна за Android, iPhone и Windows Phone. Овaa апликација е интересна за сите и не само за оние кои патуваат, со тоа што прикажува интерактивна содржина за местата (ресторани, барови, настани, банкомати итн.), твитови, фотографии, Wikipedia информации и др.

[youtube]-QT4p6MV-CU[/youtube]

TripAdvisorМобилната апликација која потекнува од оваа истоимена позната страница е исто така бесплатна и достапна за iPhone/iPad, Android, Windows Phone и Symbian. Со оваа апликација можете да ги запознаете местата преку корисните оценки и совети кои ги имаат оставено луѓето кои веќе ги посетиле. TripAdvisor содржи неколку главни категории како што се: хотели, ресторани, активности кои треба да се направат, летови, форум и можност да оставите ваша оценка и совет за местото.

Trip journal

За оние кои не сакаат да ги заборават местата и патувачката рута, тогаш може да ја пробаат оваа апликација која ја има за Android, iOS, Bada и Symbian. Функционира со тоа што ја памети рутата преку GPS и ја поврзува со белешките и фотографиите кои сте ги направиле за тоа време. Интегрирана е со Twitter, Facebook, Picasa и др. друштвени мрежи и сервиси, па така можете да ги споделите направените фотографии и местата кои сте ги посетиле со вашите пријатели.

[youtube]fPtZMKilceE[/youtube]

2 коментари на “Апликации кои ќе ви помогнат да ги организирате вашите патувања

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии