Апликација за празниците: Православен календар за Android доби нова поубава верзија

Иако е достапна веќе три години на Google Play, со новиот редизајн Православен календар делува како нова апликација. Креаторот Иван Димовски а.к.а Медо, попознат како креатор на TweetsPie и Ooshies, вели дека новата верзија е изработена според Material Design трендот, а се додадени и анимации како блур, затемнување и зумирање. Редизајнот беше направен за да се понуди подобра апликација за 10-те илјади активни корисници, и да се зголеми бројот на симнувања, кој сега е околу 34.000 пати. Објавен е и кодот на GitHub.

Православен календар е едноставна апликација која ги прикажува христијанските празници заедно со слики од светците, за кои има детален опис, и листи на што може да се јаде за време на постите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии