Апликација на денот: Вежбајте го мозокот со македонската Colorence

Colorence е iOS видеоигра од Игор Јовчевски, креатор на WooWave, и според зборовите на авторот има потенцијал да се користи како вежба на мозокот. Идејата зад Colorence е да го тренира умот да ги препознава боите, нивните комбинации и со ова додека играте игра.

Играта е едноставна и е базирана на квадрати со различна боја, кои треба да бидат распоредени во главниот екран за да ги погодат боите како на лентата. Со прераспределба на квадратите еден врз друг се креираат различни бои, а на потешките нивоа квадратите не само што се поместуваат еден врз друг туку можат да се поместат и во длабочина менувајќи ја бојата. Интелегенцијата која е потребна за препознавање и мешање на боите не е иста со интелигенцијата која се користи за аритметичките операции, што ја отвора можноста за мозочна вежба. Но, треба да се напомене дека апликацијата не е базирана на научни истражувања.

„Colorence е еден различен ‘brain teaser’. Користењето на мозокот надвор од вообичаените аритметички логички порти има голема иднина. Боите се само една насока“, вели авторот на играта, Игор Јовчевски.

1 коментар на “Апликација на денот: Вежбајте го мозокот со македонската Colorence

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии