Апликација на денот: Тimeful користи наука за да ви го организира денот

Timeful е нова апликација за iOS, наскоро и за Android, која користи бихејвиорални истражувања за да ви ги научи навиките и да ви го организира денот. Апликацијата, креирана од истражувачи од универзитетите Stanford и Duke, е микс од календар и to-do листа која, покрај обврските што си ги внесувате сами, ви предлага и нови „корисни“ обврски кои ќе ве направат попродуктивни и поздрави; пример, ви наоѓа слободно време за читање, време за вежбање и време за хоби.

Апликацијата е креирана од двајца експерти – професорот по компјутерски науки на Stanford, Јоав Шохам, и професорот по психологија на Duke, Ден Ариели – кои соработувале на истражување, по што решиле да направат продукт. Според објаснувањата, Timeful е креиран сo „Intention Genome“ алгоритам, базиран на психолошки и економски истражувања за заштедување на се-пократкото-време, кој ги класифицира обврските и ги подредува според приоритет.

Intention Genome ги дели намерите во блокови, и става што е можно повеќе карактеристики на обврските за да може полесно да ги организира; пример за ‘подготви презентација’ треба работа на ‘компјутер’ што се ‘завршува во канцеларија’, објаснуваат креаторите на Timeful. За да може полесно да ги користи овие параметри, апликацијата има опција да се сетира работното време, како и најпродуктивниот дел од денот, во кое време ќе ви предлага важни обврски кои треба да се завршат. Така ќе ви предложи да направите презентација додека сте пред компјутер, односно на работа. Или ќе ви предложи да се прошетата откако ќе завршите со работното време. Идејата е да се намали „скокањето од една на друга обврска“, и да се фокусирате на приоритетите. Како што вели г. Ариели, „ако обврската не ви е приоритет во календарот, тогаш не ви е приоритет ни во вашиот живот“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии