Апликација на денот: Средете си ги фотографиите со бесплатната Photoshop Fix oд Adobe

Adobe започна бесплатно да дистрибуира делови од својот популарен софтвер за едитирање на фотографии, но, наместо да го даде Photoshop во целост, компанијата го раздели својот софтвер на помали делови кои можат да бидат испорачани како апликации на паметни телефони.

Photoshop Fix е една од овие апликации, и како што наговестува името, ќе им овозможи на корисниците да ги поправат своите фотографии. Апликацијата е достапна на iOS, а корисниците можат да поправат или посериозно да ремоделираат некоја од фотографиите. Софтверот овозможува користење на наједноставните функции, како репарирање на делови на фотографијата или промена на големината, но и пософистицирени функции кои овозмуваат промена на боите, експозицијата, сатурацијата или фокусот.

Апликацијата овозможува најголем дел од функционалностите на десктоп, а во делови и повеќе, иако најверојатно дел од нив ќе се најдат во следната верзија. Пример автоматското препознавање на очите, носот, устата овозможува, отстранување на отсјајот, но и можност за додавање на насмевка во текот на дотерувањето на сликите. Photoshop Fix е достапен на iOS, а најавена е и Android верзија која ќе биде достапна подоцна. Апликацијата е бесплатна, но за нејзино користење е потребен Adobe профил, кој сепак можете едноставно да го направите.

1 коментар на “Апликација на денот: Средете си ги фотографиите со бесплатната Photoshop Fix oд Adobe

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии