Апликација на денoт: Споделувајте содржина брзо и едноставно со хрватската Viggo за iOS

Viggo е хрватска iOS апликација која овозможува споделување на содржини со помош на паметни телефони кои се во близина преку Bluetooth и облакот. Штом ќе се поврзат уредите, содржината е достапна за сите други во близина, и се што треба корисниците да направат е да ја изберат содржината која сакаат да ја споделат, без разлика за форматот. Дополнително овозможено е и споделување на колекции кои се наоѓаат во еден фолдер. Секако доколку корисниците не сакаат да ја споделат содржината со сите во околината можат да ја заштитат со лозинка.

Апликацијата е дело на двајца браќа: Бојан и Давор Павиќ од Загреб. Идејата зад апликацијата е потребата да се споделат информации во поголеми група, а за жал во моментов не постои добро решение кое го овозможува ова, пренесува Netokracija.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии