Апликација на денот: SmartPhonebook ќе ви каже на кој оператор вртите

SmartPhonebook е македонска апликација за Windows Phone изработена од Стеван Костоски, која треба да им помогне на корисниците да знаат точно на кој мобилен оператор е секој од нивните контакти.

Со можноста да се задржи префиксот кога се променува оператор, пример од One oдите на Vip со 075 префиксот, се појавува еден клучен проблем. Секој оператор овозможува поевтини разговори кон своја мрежа, но кон другите може да бидат поскапи. Сигурно сте чуле гласно бипкање кога ќе вртите на некој број. Ова ви покажува дека корисникот е на друг оператор од вашиот, и треба да ве предупреди дека повикот може да биде поскап. Но, колку од вас обрнувате внимание на тоа? Апликацијата го решава тој актуелен проблем, и може да помогне да се контролира трошењето на повици. Со SmartPhonebook се прави проверка на префикост на операторот, овозможено благодарение на отворените податоци на Агенцијата за електронски комуникации со кои сега може да се знае кој број на кој оператор е во моментот, без врска на префискот.

Единствен недостаток на апликацијата е што контактите ги повлекува од People функцијата на телефонот, во која се сместени и Twitter, Facebook, контакти од имејл, па листата на контакти е предолга и не соодветствува со телефонскиот именик, иако постои и можност за пребарување со која поедноставно ќе ги пронајдете бројот кој ви е потребен.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии