Aпликација на денот: Следи ги најважните твитови со минималистичката Permeate за iOS

Permeate е бесплатна iOS апликација од Бен Ходл, која овозможува брз преглед на популарните твитови од луѓето кои ги следите на Тwitter. Идејата на Permeate е да ви ги прикаже најпопуларните твитови, налик на македонската TweetsPie, но со малку поминималистички дизајн и без опција да контролирате кои профили да ви се појавуваат, што е мал недостаток.

Апликацијата ги разделува релевантните и популарни твитови, од брендовите, компаниите или луѓето кои ги следите од оние твитови кои единствено бараат внимание. Одлична е кога сакате да разгледате на брзина што се случува на Twitter без притоа да треба да скролате низ стотици, па дури и илјадници пораки за да си ги пронајдете твитовите кои ве интересираат. Лоша вест за корисниците на Android e што Permeate е ексклузивна за iOS, и иако поддржува и iPad и iPod Touch апликацијата е оптимизирана за iPhone 5.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии