Aпликација на денот: Следете ги сите трошоци со македонската MyBudgetPlanner за Windows Phone

MyBudgetPlanner е нова македонска апликација за Windows Phone, и прва апликација на Стеван Костоски, .NET програмер. Апликацијата, дизајнирана во Metro стил, е финански планер со кој може да ги следите вашите трошоци до последниот денар. Може да креирате свој буџет, да следите дневни или месечни трошоци, да следите на какви се работи ги трошите парите и според која валута, и да се добива графички приказ на трошоците.

„Избрав да ја направам за WindowsPhone платформа затоа што веќе година дена користам WP OS (Lumia 920) и сум презадоволен од перформансите и можностите на оперативниот систем, пред се, најмногу од брзината со која се извршуваат/стартуваат апликациите и начинот на кој се менаџираат ресурсите од страна на самиот OS. Инаку претходно сум користел Android OS, ама според мене разликата е огромна, сега кога би се прашувал помеѓу Android и WP повторно би избрал Windows Phone“.

Засега MyBudgetPlanner ќе остане бесплатна, бидејќи Стеван не планира да заработува од неа. Тој вели дека сакал да понуди нешто што ќе биде корисно на другите, нешто што недостасуваше на Windows Phone пазарот. Стратегијата на Стеван да се искористи недостатокот на добри финансиски апликации е слична со идејата на бугарско-македонската апликација за следење трошоци Xpensy која беше креирана за Android. MyBudgetPlanner е достапна на македонки и англиски јазик, и, доколку се најде преведувач, би требало да поддржи уште нови јазици.

4 коментари на “Aпликација на денот: Следете ги сите трошоци со македонската MyBudgetPlanner за Windows Phone

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии