Апликација на денот: Prezi претстави кул алатка за „анимирани“ фотографии, се вика Nutshell

Освен што може да направи кул презентации, Prezi сега може да ги направи вашите фотографии да бидат поинтересни. Сервисот има нова апликација Nutshell која е наменета за оние моменти кога една фотографија не е доволна. За сега епликацијата е достапна единствено на iOS и нема најави за префрлање на Android.

„Nutshell е токму она што ви го кажува името: епска сторија во период од неколу моменти“, вели Адам Сомлаи-Фишер ко-основач на Prezi. Во aпликацијата се искористени некои опции од Prezi со кои ќе може „визуелно да се споделат идеите“. Или ако сте користеле Prezi, ќе го забележите препознатливото движење што ги „анимира“ фотографиите и ги претвара во поинтересно видео.

Со апликацијата може да правите крати филмчиња, своевидно слајдшоу од фотографиите. Треба само да фотографирате три слики, а потоа Nutshell ќе направи во кусо клипче во кое може да се се додададе текст или графика. Вака креираните видеа може да се споделат преку друштвените мрежи како Twitter и Instagram.

[youtube]oelPNbEjcYM[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии