Aпликација на денот: Пикодемократија се обидува да донесе мала демократија

Picodemocracy e нова мобилна апликација за iOS и Android со која граѓаните ќе можат да дадат свое мислење во мини-референдуми. Изработена од фондацијата Метаморфозис, Македонскиот центар за европско образование и Реактор, со финансиска поддршка од Европската Унија, Picodemocracy има за цел да ја зајакне транспарентноста и демократијата, така што ќе биде алатка со која граѓаните ќе можат да партиципираат.

Како што кажува името, Picodemocracy е „мала демократија“ вметната во едноставна мобилна апликација. Апликцијата не бара лични податоци од граѓаните, кои можат анонимно, преку едноставни анкети со „да“ или „не“, да одлучуваат за важни работи во нивните општини.

„Се поставуваат едноставни прашања на големи групи на граѓани од страна на државни тела, општини, НВО, медиуми, со цел брзо и ефикасно да се добие мислење по одредени прашања“, вели Филип Стојановски, програмски координатор во Метаморфозис. „Ваквиот вид на анкетирање на граѓаните одговара на еден вид crowdsourcing, односно користење на групи за да се дојде до одредено решение, или вид на колективна мудрост“.

Апликацијата е направена од потреба, објаснува Дамјан Здравев од Реактор – истражување во акција. Тој вели дека 60 проценти од граѓаните полесно влијаат врз политиките ако го дадат своето мислење онлајн или преку електронска пошта. Користењето на нови технологии исто така помага да се вклучат и младите во дискусиите кои можат да бидат досадни ако им се презентираат преку традиционалните медиуми и анкети.

Picodemocracy, или Пикодемократија, е развиена како дел од проектот Акциска мрежа за добро владеење. Овој проект има за за цел подобрување на вклученоста на граѓанското општество во креирањето на јавното мислење, креирањето политики и учеството во механизмите за донесување одлуки, како и зголемување на капацитетите на граѓанското општество за справување со важни општествени прашања.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии