Office за iPad, iPhone и Android сега е целосно бесплатен

Microsoft продолжува со притосокот врз конкуренцијата, откако неодамна понуди неограничен простор на OneDrive со претплата на Office 365, и стапи во партнерство со Dropbox, сега без никаква најавa ги направи потполно бесплатни верзиите на Office за iPad, iPhone и Android. Од Microsoft најавија и верзија на Office за Android таблет компјутерите, но и за iPhone.

„Денес го правиме следниот голем чекор да го донесеме Office до сите, на секој уред, и возбуден сум што можам да објавам дека Office апликацјата која корисниците ја сакаат доаѓа и на Android таблет компјутерите со Office for Android Tablet Preview. Истовремено ги надградуваме Word, Excel и PowerPoint за да обезбедиме подобар изглед и поголема продуктивност. Нашата визија за Office нема да биде комплетна без Windows, затоа сум горд што можам да објавам дека новата верзија на Office за Windows 10 ќе биде оптимизирана за работа со екраните на допир“, вели Џон Кејс од Microsoft.

Досега корисниците на iPad можеа да ја користат мобилната Office апликација единствено со претплата на Office 365 пакетот. Оваа недела од компанијата ја објавија интеграцијата на Office со Dropbox, па корисниците ќе можат да одберат каде ќе ги зачуваат своите документи. Сепак за оваа опција е потребна претплата на Office 365. Покрај пристапот до Dropbox, со претплатата корисниците ќе можат да добијат пристап до соработка со колегите во изработката на документите, како и бесплатниот неограничен пристап до OneDrive.

Потегот на Microsoft бесплатно да го понуди Office на мобилната платформа е се поголемата конкуренција од апликации како iWork, новата апликација на која работат креаторите на Paper, но и на Google Docs и Zoho, па корисниците би можеле да се запрашаат дали навистина им е потребна Office претплатата. Сепак барем кога станува збор за Office за iPad со симнати над 40 милиони копии, се чини дека Microsoft има барем една платформа за која не треба да стравува.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии