Aпликација на денот: Новата Hyperlapsе на Instagram ги прави најдобрите видеа

Hyperlapse е нова апликација од Instagram која овозможува снимање на видео кое ќе изгледа како да направено од вистински професионалец. Со помош на апликацијата видеата снимени на iPhone изгледаат како да се изработени со опрема која чини 15.000 долари, вели Wired. Наместо скапата опрема тимот на Instagram изработи навистина паметни алгоритми кои ја стабилизираат сликата и фокусираат, додека корисникот снима со телефонот. Апликацијата овозможува и забрзување на видеото за 12 пати и споделување на видеата на Instagram и Facebook.

„Кога снимате забрзано видео со Hyperlapse, вашите снимки ќе бидат веднаш стабилизирани да се израмнат испакнатините на улиците и да креира филмски чувство. Снимете цело изгрејсноце во 10 секунди – дури од задното седиште на моторот. Снимајте во гужва на фестивали кои траат цел ден а потоа рафинирајте ја снимката во 30 секундно видео. Снимајте го вашиот пат со воз и споделете ги петте километри во пет секундно видео“.

Иако постоеше можност Hyperlapsе наместо самостојна апликација да биде интегрирана во Instagram, развојниот тим се одлучи да го направи како посебна апликација, бидејќи вака е поедноставно за заинтересираните корисници да пронајдат, а развојниот тим се плашеше дека доколку ја стават во Instagram апликацијата ќе остане незабележана како Video и Direct. Instagram планира наскоро да креира верзија на Hyperlapse за Android.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии