Апликација на денот: Нарачај пица со еден клик со Push For Pizza

Push For Pizza е iOS апликација која на корисниците им овозможува да нарачаат пица со едно единствено притискање на виртуелното копче, своевиден Yo за нарачување на пица. Апликацијата е дело на петмина тинејџери од Њујорк, од кои дел се појавуваат и на рекламата. PushForPizza е бесплатна, и иако е достапна за симнување, сепак засега ќе ви користи само ако сте во Њујорк. Заработката на креаторите е мал процент од нарачката.

Станува збор за навистина едноставна апликација која овозможува нарачки на „Cheese“ или „Pepperoni“ пица, додавање на други типови на пици не е можно. Податоците за кредитната картичка се запомнети на телефонот, а една од ретките опции е можноста да се одбере омилената пицерија за нарачка. Сервисот е во соработка со Ordr.in и Delivery.com, со што доставата е достапна насекаде каде што испорачуваат партнерите. Крис Самерлин ко-основач на стартапот најавува слични апликации за нарачки на: тако, хамбургери и колачиња.

[youtube]hw07EXR8mJg[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии